ЗА ХОТЕЛОТ

Хотелот Карпош е лоциран во тивок дел на Скопје, на само 10 минути пешачење до центарот на градот. Старата скопска чаршија е лесно достапна, а во непосредна близина се наоѓа најголемиот шопинг центар во Скопје.
Овој пријатен хотел со 4 ѕвездички има 59 комфорни, целосно опремени и пространи соби. На нашите гости им порачуваме: “Добродојдовте! - Нашиот хотел ви пружа нова и уникатна можност да си изберете соба со квадратура која вам ви одговара - од 45 до 75 м2.“
Делукс собите и апартманите располагаат со целосно опремени кујни и се идеални за семејства и за подолг престој.
Лесен пристап и прилагодено сместување за гости со различни типови на попреченост и инвалидитет. Затоа што ние се грижиме за нашите гости!
Хотелските сауна и фитнес капацитети се отворени и на располагање за гостите 24/7. Салата за фитнес е опремена со Techno опрема/ направи за вежбање. Исто така, во хотелот можете да изберете од богатата понуда на разни видови масажа, да се релаксирате и да се ослободите од секојдневниот стрес.
Располагаме со широка понуда на капацитети за деловни средби: прилагодливиот распоред на трите конференциски сали овозможува пристапно и флексибилно одржување на состаноци за до 70 учесници.
Во нашите мултифункционални соби, во ресторанот за појадок и на нашата убава тераса, организираме и работни појадоци, деловни ручеци, гала вечери, приеми и забави.
Во привлечната атмосфера на Ресторанот, со поглед кон терасата, нашите гости можат да вкусат современи македонски, медитерански и интернационални јадења, како и да уживаат во големиот избор на вина со врвен квалитет. Покрај останатото, хотелот е прочуен по својата одлична кујна.
Располагаме со сопствен паркинг пред хотелот за автобуси, а за автомобилите на гостите има подземна гаража под надзор од нашиот персонал. Претходна резервација не е потребна. Паркингот е бесплатен.