Тврдината Кале

Скопската тврдина Кале е сместена на високот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.
Како највисока точка во градот, калето одсекогаш било ценето од локалното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во неолитот и раното бронзено доба, 4.000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во Византиско време (6-ти век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи подолу.
Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многу пати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963, кружните и квадратните кули на тврдината биле заштитени и обновени.
Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот како и можност да се дојде до Старата Скопска чаршија од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.