Храна и пијалок

Добра храна... Прекрасни чувства.

Услуга за достава во соба од 06.00 до 24.00 часот
Секогаш кога сте гладни, може да ја искористите услугата за достава во соба и да нарачате вкусни јадења за појадок, вечера или друг оброк во текот на денот, свежо подготвени во нашата кујна.

Ресторан
Нашиот наградуван ресторан кој се наоѓа на приземјето на хотелот ви ги нуди најдобрите традиционални македонски, како и интернационални јадења, вклучително вегетеријански и вегански оброци. Исто така, може да нарачате некое од големиот избор најдобри традиционални македонски вина.

Појадок
Добро утро!
Појадокот секојдневно се сервира од 06.00 до 10.00 часот во Салата за Појадок на првиот спрат, каде може да изберете помеѓу шведската маса или од менито со јадења по нарачка. Или нарачајте услуга за достава во соба и уживајте во појадокот во приватноста на вашата соба.

Уживајте во главните јадења на Хотел Карпош во удобноста на вашата соба

На сите ни се случило. По долгиот и исцрпувачки ден исполнет со состаноци или разгледи на градот, немате сили да се подготвите и да појдете на вечера во ресторанот. Во нашиот хотел, нема потреба од тоа! Ви нудиме вкусна вечера во удобноста на вашата Соба или Апартман и уживање во јадењата подготвени во нашиот ресторан, секој ден од 06.00 до 23.00 часот. Јавете се, а ние набргу ќе ви ја доставиме нарачаната вечера во вашата соба. Да, толку едноставно!
Раскомотете се како да сте дома, опуштете се и очекувајте ја вашата нарачка секој миг

* Достапно секој ден од 06.00 до 23.00 часот.

Погледнете го нашето Мени за оброци во соба - Тука

Ресторански услуги:
* Појадок на шведска маса
* Оброци во соба
* Интернационален ресторан (идеален за деловни ручеци, секој ден од 11.30 до 16.00 часот)
* Ран појадок од 05.30 часот